Да се биде претприемач значи да се преземе иницијатива и одговорност за сопствениот успех. Ова е идејата водилка на МРФП во промоцијата на претприемништвото. На Македонија и се потребни повеќе лица спремни да преземат акција и да ја ослободат сопствената креативна енергија. Индивидуалниот успех води кон подобрување и заедницата, а тоа отвора можности за поголемо влијание на развојот за кој поддржувачкиот амбиент е предуслов.
Реализирани активности
МРФП е промотор на претприемништвото како можност. МРФП веќе единаесет години е еден од организаторите на традиционалниот настан „Претприемач на годината“, а низа години беше организатор и на панели по одделни теми во рамки на настанот „Европски ден на претприемачот“.