Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во февруари 2017 г. спроведе две дво-дневни обуки за финансиско знаење. Обуките се оддржаа во Кавадарци и во с. Мустафино. Учесници на обуката беа земјоделци од наведените региони, а дел од нив корисници на микрофинансиски услуги.
Целта на обуката беше надградување на општите знаења од областа на управување со финансиски средства, вештини за управување со сопствениот долг, запознавање со микрофинансиските услуги и продукти. Преку практични примери земјоделците учеа за управување со организациски буџети, одредување на праг на рентабилност, одмереност при позајмувањето, разликување на типовите на заеми и нивните поврзани трошоци.
На обуките присуствуваа и претставници на микро-финансиските организации од Македонија кои ги презентираа придобивките од одговорното наменско позајмување и штедење.
Двете дво-дневни обуки беа спроведени со поддршка на Здружението „Слоу Фуд“ од Битола и Земјоделската задруга „Еко-Илинден“ од с. Мустафино.
Обуките се дел од проект „Инклузија и иновација во микрофонансирањето" финансиран од УСАИД. Проектот е спроведуван од Сојузот на микрофинансиски организации како главен спроведувач на проектот и МРФП, Штедилница Можности, Микрокредитна фондација Хоризонти и Штедилница ФУЛМ како под-спроведувачи на проектот.
Обука за финансиско знаење, Кавадарци 01-02.02.2017 г. и с. Мустафино 6-7.02.2017