fbpx
ЧПП
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West
Македонската развојна фондација за претпријатија (во понатамошниот текст: МРФП) е фондација регистрирана согласно Законот за здруженија и фондации.

Мисијата на МРФП е поддршка на развојот на малите претпријатија. За повеќе информации за работата на МРФП посетете ја нашата веб страница, во делот За нашата работа.

МРФП се воспостави како резултат на соработката на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Владата на Кралството Холандија во 1998 година. МРФП е регистрирана во Регистарот на здруженија и фондации на 25.11.1998 година како прва регистрирана фондација согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница, во делот За нас.

Визијата на МРФП е зголемена вработеност, намалена сиромаштија и воспоставена социјална кохезија. Долгорочните цели на МРФП се: подобрен пристап до финансиските услуги; промовирано претприемништво, иновации вклучени во главните текови, развиени партнерства за развој; и обезбеден институционален и организациски развој на МРФП. За повеќе информации околу целите, посетете ја нашата веб страница, во делот За нас.

Основач на МРФП е Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). МЦМС како основач на МРФП, преку членовите во Советот на МРФП избрани по предлог на МЦМС, има посебни права утврдени со овој Статут при одлучување за донесување, измена и дополнување на Статутот, на генералната политика и стратегија, како и за статусни промени и престанок на МРФП.

Приходите на МРФП во 2019 година изнесуваа 36 милиони МКД, а расходите 21 милиони МКД. Вишокот на приходи над расходи по оданочување, кој изнесува над 15 милиони денари, со одлука на Одборот на старатели е распределен за зголемување на фондовите на МРФП. За повеќе информации посетете го делот За нашата работа, Годишни извештаи.

МРФП стекнува и прибира финансиски средства од: основачки влог; донации; прилози, подароци и завештанија; вршење сопствена дејност; заеми; камати; и приходи од инвестиции и хартии од вредност. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница, во делот За нашата работа, Годишни извештаи.

 Средствата на МРФП се употребуваат за остварување на целите на МРФП.
На пример, во текот на 2019 година исплатени се кредити во износ 102 милиони денари кон 585 клиенти. Кумулативно, вкупно исплатените кредити од почеток со работа на МРФП до 31.12.2019 г. е над 3,37 милијарди денари (54,8 милиони евра) кон 15.847 клиенти, со што се поддржани вкупно 21.676 постојни и 6.138 планирани работни места. Во рамки на програмата „Поддршка за развој на земјоделските задруги“ финансирана од ЕУ се спроведени најголемиот дел од активностите кои опфаќаат техничка и финансиска поддршка за земјоделски задруги и иницијативи за формирање на земјоделски задруги. Во рамки на техничката поддршка се одржаа 9 обуки за подготовка на бизнис план на кои присуствуваа 195 учесници и 4 обуки за правна помош на кои присуствуваа 87 учесници. Регистрирани се 11 нови земјоделски задруги преку правната поддршка и потпишани се договори за финансиска поддршка со 17 земјоделски задруги од кои 9 се постоечки задруги и 8 новоформирани задруги. Во рамки на програмата „Инклузија и иновации во микрофинансирањето“, која е финансирана од УСАИД, е организирана микрофинансиска академија под наслов „Дигитализација во микрофинансирањето“ на која присуствуваа над 150 учесници и ги опфати темите: „Информациска и комуникациска безбедност“ и „Дигитална трансформација и управување со промените во микрофинансиските организации. За времетраењето на програмата во рамки на компонентата „Градење на капацитети за финансиско знаење“, МРФП спроведе 30 обуки за финансиско знаење наменети за претприемачи, студенти, земјоделци и лица кои планираат да започнат бизнис активности. Вкупно 742 лица учествуваа на обуките. Програмата заврши во септември. Во рамки на програмата „Развој на бизнис вештини во креативни и културни индустрии“, финансирана од Ерасмус+, подготвени беа три тренинг модули на теми:  „Претприемништво“, „Бизнис планирање“ и „Пристап до финансии“ за потребите од бизнис вештини во културните и креативните индустрии и потребите од креативни вештини за претприемачи и дигитални старт-апи. МРФП заедно со партнерите, по 13-ти пат ги избраа најдобрите претприемачи за 2019 година во нашата држава во категоријата на мали и микро претпријатија.

МРФП е организирана во извршна канцеларија, која е одговорна за раководните, како и за стручните и административните работи, односно ги води секојдневните работи, поддршката на органите на МРФП и спроведувањето на политиката и програмите одобрени од органите на МРФП. Извршната канцеларија ја сочинуваат извршниот директор, раководните лица и потребниот број соработници, вработени во МРФП. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница, во делот За нас, Нашата структура.

Персоналот го води лидер на тимот, во функција на извршен директор. Извршниот директор на МРФП е именуван од Одборот на старателите. Во моментов, на таа функција е избрана Тетјана Лазаревска.

Седиштето на МРФП е во Скопје. Адресата е: ул. „Никола Парапунов“ 41А, п.фах 109, 1060 Скопје. Тел.02/3088-988; факс: 02/3088-989.

Да, има. МРФП за потребите на програмата Економски активности на Косово, што е поддржана од Европската комисија регистрираше своја канцеларија во Пеќ, Косово. Адресата на канцеларијата е Mbreti Bardhyl C-31, Peja/Pec, Kosovo. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница, во делот За нашата работа.

Највисок орган на МРФП е Советот, кој брои 14 члена. Советот го избира Одборот на старатели кој е орган на општо управување и надзор на МРФП. Одборот на старатели брои 7 члена. Мандатот на овие органи е четири години, со право на два повторни избори. За повеќе информации (актуелни членови на органите) посетете ја нашата веб страница, во делот За нас, нашата структура.