
- 16 мај (вторник), 11:00-12:30 часот, Општинска сала, о. Ранковце (Североисточен регион),
- 16 мај (вторник), 15:00-16:30 часот, месна заедница, с. Тумчевиште, Гостивар (Полошки регион),
- 17 мај (среда), 11:00-13:00 часот, Општинска сала, о. Ресен (Преспански регион) – главен официјален настан,
- 17 мај (среда), 15:00-16:30 часот, Општинска сала, о.Охрид (Југозападен регион).
Македонската развојна фондација за претпријатија, денес, 28 февруари 2023 г. го одржа настанот „Права на интелектуална сопственост и географска ознака во областа на културниот туризам и културното наследство“. Настанот се одржа во просториите на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Македонската развојна фондација за претпријатија го организира настанот „Права на интелектуална сопственост и географска ознака во областа на културниот туризам и културното наследство“. Настанот ќе се одржи на 28.02.2023 (вторник) од 11:00-12:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (Амфитеатар, Кампус 4).
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) е дел од програмата Learn-IP преку која беше развиена обука за правата на интелектуална сопственост. Истата е наменета за чинители од секторот на културен туризам и културно наследство и содржи 7 тренинг модули:
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и партнерските организации Рурална Коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери, Ве поканува на настанот за промоција на проектот „Потпри се на младите“ кој ќе се одржи на 5 јули 2022 година (вторник), од 10:00-12:00 часот во дворот на основното училиште „Александар Здравковски“ во општина Јегуновце.