fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

MРФП во септември 2020 г. започна да ја спроведува програмата: „Learn IP – Развој на знаење за интелектуална сопственост и географска индикација во областа на културен туризам и културно наследство”. Оваа програма се спроведува во партнерство со Kultur und Arbeit од Германија, како водечка организација, и партнерите INI-Novation (Бугарија), Asociatia Pentru Turism Bucovina (Романија), Sociedad Regional de Educación, Cultura y Deporte (Шпанија) и Tergau & Walkenhorst Patentanwälte (Германија).

LEARN IP logo 202009 final

Интелектуалната сопственост и бизнис алатките можат да бидат применливи и искористени од различни сектори, вклучувајќи го и секторот на култура и туризам. Програмата нуди можнoст за запознавање со основните методи за заштита на интелектуалната сопственост во насока на комерцијализација на одредени производи и услуги што се нудат во овие сектори. Покрај заштитата на овие права, програмата цели кон поттикнување на претприемачкиот дух во овие сектори преку зголемено користење на алатки за развој на бизнисот и искористување на правата на интелектуална сопственост.

Општа цел на проектот е поддршка за создавање и развој на вештини во секторот на културен туризам и културно наследство.

Специфична цел: Развој на потребни вештини во полето на интелектуална сопственост за релевантните чинители во полето на културен туризам и културно наследство.

Проектот се состои од три главни компоненти резултати/активности:

  1. Развој на модуларна програма за обука
  2. Развој на онлајн платформа за учење
  3. Развој на водич / прирачник за обука

МРФП ќе учествува во сите активности, а ќе биде координатор на првата група на активности каде што се планира развој на 6 модули и тоа:

  1. Како да се идентификуваат средства во секторот за културно наследство и културен туризам.
  2. Трансформација на средства во секторот на културното наследство и туризам во интелектуална сопственост.
  3. Како да ги идентификувате можностите и да ги надминете пречките при користење на правата од интелектуална сопственост.
  4. Стратегија за искористување на правата од интелектуална сопственост и развој на бизнисот.
  5. Како да се изградат синџири на вредности за искористување на правата на интелектуалната сопственост.
  6. Финансирање во секторот културно наследство и туризам.

Времетраењето на проектот е 24 месеци.

Средствата за покривање на трошоците од проектот се покриени од Германската Национална Агенција за Ерасмус+.

Повеќе информации можат да се најдат на: https://learn-ip.eu/

LEARN IP Logo Barerasmus 202009 v01 1536x842